Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезди од Премиер лигата одбиваат да се вратат на тренинзи и им прават проблем на своите клубови

Објавено

на

Неколку ѕвезди од Премиер лигата не сакаат да се вратат на тренинзите во Англија и покрај тоа што владата даде зелено светло за продолжување на сезоната.

Фудбалерите стравуваат за своето здравје и токму затоа не сакаат да почнат со тренинзи додека целата ситуација не се смири.

Серхио Агуеро од Манчестер Сити и Дени Роуз од Њукасл се играчите кои јавно признаа дека стравуваат од враќањето на зелените терени.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, доколку тие дефинитивно одбијат да се вратат на тренинзите, а потоа и за натпреварите ќе заработат сериозни казни од своите клубови.

Се верува дека сите мерки што ќе се преземат се доволни за да се задржи здравјето на фудбалерите и сите инволвирани во натпреварите кога сезоната ќе продолжи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни