Поврзете се со нас

Германија

Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)

Објавено

на

Фудбалските клубови често објавуваат интересни видео содржини поврзани со нивните фудбалери, а Баер Леверкузен реши да тестира две свои ѕвезди со географски тест.

Џереми Фримпонг и Натан Тела добија задача да детектираат знамиња на земји од целиот свет, притоа казнувајќи се еден со друг за грешките со непријатен удар со перниче во глава.

За да биде поинтересно за нас, на Фримпонг му се падна македонското знаме, а тој иако премногу сигурен во себе, сметаше дека се работи за знамето на Гибралтар.

Поради ваквиот одговор заслужено си доби казна од соиграчот.

Интересно е што Нигериецот го помеша знамето на Луксембург со тоа на Холандија, па беше искаран од Холанѓанецот Фримпонг, додека пак претставникот на европската држава ја измеша Естонија со Етиопија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни