Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездениот тим на Лејкерс се соочува со почетни проблеми: Рондо го нокаутираше Вестбрук со топка (Видео)

Објавено

на

Леброн Џејмс постигна 30 поени изминатава вечер во „Голден 1 центарот“, но тоа не му помогна на Лос Анџелес Лејкерс да ја оствари првата победа во пресезоната.

„Езерџиите“ ги затворија подготовките со ужасен биланс од шест порази на шест одиграни натпревари, откако загубија и од Сакраменто со резултат 116:112.

Повеќе од јасно е дека ѕвездениот тим на Лејкерс ќе мора дополнително да се воигрува на стартот на регуларниот дел од НБА сезоната, за што најдобар доказ е акцијата која ја изведоа Рондо и Вестбрук.

Расел ова лето беше еден од играчите кои им се приклучи на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но од тоа што може да се види, ќе му треба одредено време да ги научи своите нови соиграчи.

Вестбрук доби нокаут од Рондо во воведниот дел од мечот со Сакраменто и беше евидентно дека има недостиг на разбирање на теренот, па на крајот не успеа да спаси ниту брилијантниот Џејмс кој мечот го заврши со 30 поени, 6 скокови и 6 асистенции за неполни 30 минути минати на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни