Шпанија
Ѕвездата покажа класа: Дресот на Мбапе заврши кај младо детенце од Гостивар (Видео)

Килијан Мбапе влезе во вистинска форма и полека се издвојува како најдобар голгетер на Реал Мадрид, статус кој го потврди и на натпреварот против Лас Палмас.
Французинот постигна два од четирите голови на Реал во победата од 4:1, а крајот од мечот ни донесе и една симпатична сцена која повторно го стави Килијан во центарот на вниманието.
Едно мало детенце го „издрибла“ обезбедувањето и успеа да влета на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, па благодарение на добрата реакција на големата ѕвезда, го доби посакуваниот дрес, но и прегратка од својот идол.
Мбапе се однесуваше навистина извонредно и го испрати младото момче до аут линијата, а оваа приказна стана уште поинтересна бидејќи станува збор за детенце кое потекнува од Македонија.
„Деветката“ на Мбапе заврши во рацете на десетгодишниот Реис Фејзи од Гостивар, мал фан на Реал кој доби сувенир на кој сигурно ќе биде горд до крајот на животот.
Ha saltado un niño con el final del partido directo a abrazarse a Mbappé.
El jugador francés le ha regalado su camiseta y le ha acompañado hasta la grada. pic.twitter.com/I71d7TF8wq
— Nacho Lozano (@NachoLozLop) January 19, 2025
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)