Поврзете се со нас

Англија

Ѕвездата на Вест Хем за интересот од Сити: Од почит кон нив…

Објавено

на

foto:twitter.com/WestHam

Манчестер Сити важи за еден од најдобрите клубови на светот во овој момент и секој од играчите би сакал да го носи дресот на „граѓаните“.

Секако да се биде дел од Сити мора да се поседува квалитет, знаење и одреден стил кој ги задоволува критериумите на тренерот Пеп Гвардиола. Еден таков играч е Лукас Пакета од Вест Хем за кого актуелниот англиски и европски шампион пројавуваше интерес минатото лето, интерес кој се по изгледа постои и денеска.

Сити притискаше за Бразилецот во еден момент, но клубот се повлече откако се појавија наводи за сомнителни обложувачки активности на играчи.

-Поминаа седум месеци откако тоа се случи и јас соработувам, правејќи го она што е во моја моќ за да може да се реши, -истакна Пакета за истрагата и потоа кратко проговори за иднината.

-Имам голема почит кон Вест Хем. Имав многу добра сезона и ова ми помогна многу во мојата еволуција во Премиер лигата. Од почит кон нив, морам да останам фокусиран на мојата работа, -истакна ѕвездата на „чеканите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни