Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвездата на Валенсија даде тип за тоа кој ќе биде шампион во Шпанија: Се обложувам дека…

Објавено

на

Напаѓачот на Валенсија и актуелен шпански репрезентативец, Родриго Морено даде свој тип, прогноза за тоа кој ќе ја освои титулата во Примера.

Елитниот фудбал во Шпанија се очекува да се врати во месец јуни, а според Морено најдобра екипа во продолжение или поточно онаа која на крајот ќе се радува на трофејот ќе биде Барселона.

-Се обложувам дека Барселона ќе ја освои Ла Лига, -вели Морено кој проговори за враќањето на фудбалот.

-Нема да се вратиме како што бевме. Ќе видиме како телото ќе се адаптира за еден интензивен месец, температурите во јули и правилото за пет замени. Тоа е нова ситуација. Нема да играм со страв дека ќе се повредам, -истакна поранешниот играч на Реал кој во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни