Поврзете се со нас

Светски првенства

Ѕвездата на Сити: Мароко не одигра ништо, се бранеа и само чекаа контри

Објавено

на

Шпанија создаде само една стопроцентна шанса против Мароко и истата пристигна во 120-та минута, кога ударот на Пабло Сарабија заврши во десниот директ од голманот на противничкиот тим.

Ова донесе уште поголем психолошки товар за фаворитот пред пеналот рулетот, кој на крајот заврши трагично за играчите на „црвената фурија“, особено во ситуација кога сите тројца играчи кои шутираа не постигнаа гол.

Мароко се најде меѓу осумте најдобри на светот и го приреди најголемото изненадување во осминафиналната фаза, но додека неутралните фанови останаа импресионирани од пожртвуваните Мароканци, Родри не беше воопшто воодушевен од нив.

– За жал фудбалот ги носи и овие работи. Секогаш треба да се натпреварувате и да го дадете најдоброто, но овојпат стигнавме до пенали. Пеналите се вакви и знаат да бидат многу сурови.

– Очекувавме 11 играчи кои само се бранат во нивната половина. Реално, Мароко не одигра ништо и не го велам ова поради тоа што не ги почитувам. Тие се бранеа и чекаа контри. За жал, си одиме дома, ова е еден од најлошите моменти во мојот живот, – вели ѕвездата на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни