Поврзете се со нас

Франција

Ѕвездата на ПСЖ се посрамоти за сите пари: Дембеле излезе очи во очи со голманот на Ница, па изведе аматерски удар (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен ги разочара своите навивачи на вчерашниот меч против Ница во Лига 1, меч на кој домаќините го запишаа првиот пораз во францускиот шампионат.

Ница славеше со 3-2 и со тоа само потврди дека овој нов тим предводен од Луис Енрике има уште доста слабости и ќе биде потребно време за да може истиот да одговори како што сите посакуваат на „Паркот на принцовите“.

Меѓутоа и самите играчи мора да преземат одговорност за некои одлуки, ситуации и да реагираат како што што треба и се очекува од нив, а пример за тоа е Усман Дембеле. Летното засилување на „светците“ се посрамоти во првото полувреме, избегна офсајд замка, излезе очи во очи со гостински голман, ама потоа реагираше аматерски и имаше катастрофална завршница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни