Поврзете се со нас

Италија

Ѕвездата на Наполи за „трансферот“ во Барселона: Не можам да лажам…

Објавено

на

Барселона сака да донесе неколку квалитетни имиња во летниот преоден рок, а една од позициите која е приоритетна за тренерот Чави Ернандес е дефанзивната линија.

Веќе подолго време се говори за бековските позиции за играчи како Аспиликуета, Алонсо, Гаја, Грималдо…но уште поважно е срцето на одбраната каде во моментов најголемата желба е асот на Наполи, Калиду Кулибали.

Прва желба беше Жил Кунде од Севилја, но многу е висока цената за Французинот, па затоа каталонците се фокусираат на Кулибали кој има уште една година од договорот со калчолигашот. Тој наводно е подготвен за нов предизвик и не сака да потпише нов договор што е добар знак за Барселона која сепак ќе мора добро да се потруди за да го „собере“ Сенегалот кој засега останува смирен по ова прашање.

-Засега ќе одам на одмор во Сенегал и подоцна ќе видиме. Барселона? Не можам ништо да кажам, не можам да лажам. Се фокусирав на работата со мојата репрезентација и не сакам да знам ништо друго. Сега одам на одмор и кога ќе се вратам во Европа се брзо ќе се реши, -порача Калиду.

Според „Спорт“, шпанскиот и италијанскиот тим веќе зборувале и Наполи побарал 40 милиони евра, сума за која Шпанеците смеатаат дека е далеку од реална и ќе се обидат да ја намалат со вклучување во зделката на Миралем Пјаниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни