Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвезда на Леверкузен: Сакав да се вратам во Барселона, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен е една од екипите која е пријатно изненадување во Германија и Европа во оваа сезона, поточно „фармацевтите“ под водство на Чаби Алонсо играат фантастично и бележат резултати со кои го привлекоа вниманието на фудбалската јавност.

Еден од играчите кој игра фантастично е Алекс Грималдо кој во досегашните 15 натпревари има директно учествувано во 12 погодици што е импресивно ако се земе предвид дека ја игра првата сезона на „БајАрена“.

Со ова левиот бек си ја зголеми цената на пазарот, но и потврди дека може да игра и во уште поголема средина како на пример Барселона, клуб во кој тој ја мина популарната Ла Масија, играше и во Б тимот, но потоа замина во Бенфика.

-Секогаш сум велел дека Барса е клуб во кој би можел да се вратам… односно би сакал да се вратам затоа што тоа е Барса. На крајот, таму пораснав како играч и бев многу среќен што бев во нивнaта школа.

-Но, вистината е дека Барса не покажа интерес за мене. Имаше разговори, но тие никогаш не покажаа интерес надвор од разговор помеѓу агентот и клубот. Тие останаа фокусирани на двајцата бекови кои веќе ги имаа и не ги оценуваа другите опции. На крајот знаевме дека на мојата позиција има постојан бек, -истакна Грималдо.

Барса на таа позиција ги има Алехандро Балде и Маркос Алонсо, првиот е иднина на клубот, второт се очекува да го напушти истиот во 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни