Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Клиперс по елиминацијата од Денвер: Имаме талент за титулата, ама немаме…

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Клиперс за многумина беше прв фаворит за титулата во НБА лигата, ама клубот од Калифорнија ќе мора да побара нова шанса за да дојде до посакуваната цел и испише нова историја.

Имено Клиперс прокоцна предност од 3-1 во серијата со Денвер Нагетс, односно му дозволи на Јокиќ, Мареј и компанија да сврзат три победи по ред и дојдат до 4-3 и пласман во конференциското финале на Западот каде ќе ги одмерат силите со Лос Анџелес Лејкерс.

Ова секако е големо разочарување за тимот предводен од Риверс, но на оваа екипа полна со ѕвезди, квалитетни и искусни играчи им фалеше нешто, а тоа го признаваат и самите членови на истата.

-Имавме шампионски очекувања. Имавме талент тоа да го направиме, ама немавме хемија тоа да го направиме, -истакана Лу Вилијамс кој е трикратен добитник на наградата за шести играч на годината.

-Мислам дека внатрешно, секогаш чувствувавме дека ова не е шампионска година за нас, -порача пак Пол Џорџ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни