Поврзете се со нас

Европски првенства

Ѕвездата на Јунајтед го испрати Пандев во пензија: Фудбалот никогаш нема да биде само игра (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев во текот на вчерашниот ден со средбата против Холандија во Амстердам стави крај на својата репрезентативна кариера.

Популарниот Гоче одлучи дека е време да стави крај на настапите за националниот тим и тоа по 20 години и 122 натпревари. Соиграчите на вистински начин го испочитуваа, направија шпалир кога го напушташе теренот на „Јохан Кројф Арена“, а и сите присутну му дадоа огромни аплаузи на напаѓачот на Џенова.

Ова видео стана вирално, допре до сите страни на светот, до многу луѓе, а еден од нив ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Португалија, Бруно Фернандеш одлучи да го сподели и јасно да порача:

-Фудбалот никогаш нема да биде само игра-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни