Лига на шампиони
Ѕвездата на Интер смета дека е број еден: Подобар сум од Родри, Крос, Кимих и Енцо (Видео)

Интер игра извонредна сезона и се искачи на уште едно скалило погоре по онаа во која стигна до финалето во Лигата на шампионите, со тоа што тимот на Симоне Инѕаги сега сериозно ја напаѓа титулата во Серија А, но планира да оди далеку и во најелитното натпреварување.
Лидерот во Италија победи против Атлетико на првиот меч од осминафиналната пресметка и може комотно да се каже дека испушти многу шанси за подобра предност од 1:0, но начинот на кој играат „нераѕурите“ сигурно буди причини за голем оптимизам и меѓу самите играчи.
Хакан Чалханоглу е клучен играч во средниот ред на Интер и сериозно напредуваше под водство на Инѕаги, до тој степен што сега е пресамоуверен и смета дека е најдобар играч во светот на својата позиција.
Запрашан од „ДАЗН“ да ги смести од прва до петта позиција најдобрите играчи во светот на својата позиција, Турчинот се смести себе на врвот, а останатите места ги распредели за големите ѕвезди на Сити, Реал, Баерн и Челси.
Чалханоглу на второ место го смести Родри, на трето Тони Крос, четврти според него е Кимих, а во топ пет е и светскиот шампион од Челси, Енцо Фернандез.
La TOP 5️⃣ Registi ✍️
Calha posizione numero? 😏Guarda “Calha! Si gira – Sono il numero uno” su #DAZN pic.twitter.com/JTXtudbu2G
— DAZN Italia (@DAZN_IT) February 22, 2024
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција13 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)