Поврзете се со нас

Италија

Ѕвезда на Фиорентина сонува за трансфер во Барселона

Објавено

на

Фиорентина не успеа да дојде до пехарот во Конференциската лига на УЕФА или поточно падна на завршниот испит во Прага каде загуби од Вест Хем со 2-1.

„Виолетовите“ одиграа добар меч, беа поконретни, ја имаа топката во своите нозе, но тоа на крајот се покажа како доволно за поволен резултат, односно доживеа нов болен пораз во финалните средби ако се земе предвид дека претходно загубија и од Интер во Купот на Италија.

Овој меч може и да се покажа како последен за некои играчи во дресот на Фиорентина како што е Софијан Амрабат. Тој преку социјалните мрежи имаше емотивна порака која како да беше збогување со што некако се поклопува со претходната изјава на неговиот брат Нордин кој посочи дека играчот за врска сонува за трансфер во Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofyan Amrabat (@sofyanamrabat)

-Трансфер во Вест Хем? Не, не тој сака да оди на врвот и неговата желба е да игра во Шпанија. Барселона е највисоко на неговата листа, ама ја знаете нивната финансиска состојба. Има повеќе клубови кои се заинтересирани за Софијан, -порача Нордин.

Софијан има договор со „виолетовите“ до 2024 година што значи дека ова лето е идеално за разделба со оглед на тоа што Мароканецот сака нов предизвик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни