Ѕвездата на Феникс ќе го менува Лилард на Ол-стар викендот во Чикаго

buker

Најголемата ѕвезда на Портланд Трејл Блејзерс, Демијен Лилард се повреди на мечот против Мемфис Гризлис и поради тоа мораше да го откаже своето учество на Ол-стар викендот во Чикаго.

Лилард требаше да игра на мечот на ѕвездите меѓу тимот Јанис и тимот Леброн како и да учествува на натпреварот во шутирање тројки. Неговото место ќе го замени најдобриот играч на Феникс Санс, Девин Букер кој сезонава има бројки од 26,4 поени, 6,3 асистенции и 4,2 скокови по натпревар.

Букер за учесник на Ол-старот беше именуван од НБА комесарот Адам Силвер кој го има ова право во случај да некој од избраните играчи е повреден и не може да биде дел од спектаклот на кој годинава домаќин е Чикаго.

Девин е поранешен шампион во шутирање тројки од 2018 година, тој воедно ќе биде дел од тимот на Леброн Џејмс.

Facebook Коментари