Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Бостон: Ова е срамота, во никој случај… (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Бостон Селтикс беше на чекор од водство од 3-0 во серијата со Торонто Репторс, но најтрофејниот клуб во НБА лигата одигра лоша одбрана во последната секунда, поточно му дозволи на Ануноби да постигне тројка и со актуелниот шампион да слави со 104-103.

Ова многу тешко му падна на еден од најдобрите играчи на „келтите“, Џејлен Браун кој не успеа да го блокира противничкиот играч во клучниот момент.

-Ова беше срмаота на крајот на натпреварот. Беше катастрофално. Во никој случај не требаше да дозволиме да го загубиме овој меч. Ја преземам одговорноста за тоа. Не само за таа акција, туку и за други моменти од претходно. Се случува, ова е НБА плејоф. Или ќе дозволите моментот да биде на нивна страна или се враќате и бидете подготвени за следниот меч, -порача Браун.

Сега резултатот во оваа серија е 2-1 за Бостон што на „рептилите“ им дава далеку поголема надеж дека можат да направат пресврт и ја продолжат одбраната на пеахрот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни