Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Бостон го проигра тренерот на Торонто и предизвика бура од реакции (Видео)

Објавено

на

Во крајно неизвесен и возбудлив натпревар, Торонто по две продолженија успеа да го совлада Бостон и се избори за „мајсторка“ во конференциското полуфинале, но по овој меч, многумина зборат за она што се случи во последните секунди од последната четврдина.

Селтикси на 50 секунди пред крајот беа во напад за ново водство, но еден од најдобрите играчи на тимот направи превид, односно помисли дека противничкиот тренер е еден од неговите соиграчи.

Ник Нурс беше на невообичаено место и изгледаше како да е еден од играчите на паркетот, а тоа до толку го збуни Тејтум, што ја упати топката во негов правец.

Тренерот на Торонто доби многу критики поради начинот на кој влијаеше на акцијта, па додека Тејтум сам ја презема вината, Џејлен Браун го нападна Нурс.

– Тоа беше моја грешка, не може да го обвиниме Нурс. Тој не игра на теренот, – изјави Тејтум.

– Возрасните луѓе треба да се однесуваат така и да се контролираат. Особено кога сте тренер на вакво ниво, – изјави Браун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни