Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѕвезда на Атлетико: Сум имал потешки натпревари од тој на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

Тимот на Атлетико Мадрид успеа да чудесен начин да се врати и успее да го елиминира Ливерпул од Лигата на шампионите.

Клубот од шпанската престолнина губеше со 2-0, но направи голем пресврт и славеше со 3-2 на „Енфилд Роуд“ со што обезбеди место во четвртфиналето на елитното натпреварување. Ова за „црвените“ беше прв пораз на домашен тренер во актуелнава кампања, меѓутоа и покрај овој резултат, успех за ѕвездата на Атлетико Саул Нигез ова не е најтешкиот натпревар во кариерата.

-Дуелот на „Енфилд“ беше тежок, тоа од претходно го знаеме. Ама не е дуелот на кој најмногу имавме страдано на теренот, каде јас реков: Колку сме лоши? Во Минхен имав навистина лошо време. Си велев: Нема од овде живи да излеземе, -истакна Нигез алудирајќи на полуфиналето со Баерн во натпреварувачката 2015/2016.

-На „Енфилд“ имав самодоверба во тимот, имавме шанси. Јан Облак беше многу, многу добар … На почетокот немавме многу шанси, ама кога го дадоа првиот гол видовме дека тргнаа по нас и се отвори простор за да ги повредиме.

-Херој на часот заедно со Облак беше Љоренте. Му помогна на тимот, со Мората, одеше напред, ни даде живот. Тие имаа нозе за да ни помогнат. Тоа кажува многу за целиот тим затоа што играчите кои започнаа не направија разлика туку оние кои влегоа од клупата. Лекција е да се размислува за тимот пред индивидуата, тоа е она што нè прави различни, -дополни Нигез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни