Поврзете се со нас

Свет

Ѕвездата на Ајакс постигна страшен гол за дерби победа против ПСВ, па порача: Време е за трансфер! (Видео)

Објавено

на

Нусаир Мазрауи е еден од најбараните играчи од редовите на Ајакс поради тоа што му истекува договорот на крајот од сезоната, а ѕвездата која игра на десната бековска позиција денеска самата откри дека е отворена за трансфер.

Медиумите шпекулираат дека Барселона е најблиску до неговиот потпис и спортскиот директор Алемани веќе има закажано средба со неговиот агент Мино Раиола, па ако се суди според последната изјава на самиот фудбалер, постојат огромни шанси каталонскиот гигант да добие нов квалитетен фудбалер од Ајакс.

Мазрауи говореше денеска по големата победа која ја оствари Ајакс во дерби пресметката со ПСВ на гостувањето во Ајндховен, на кое токму тој постигна сензационален гол за триумф со својата послаба лева нога.

– Шансите да останам во Ајакс по оваа сезона се нависитна многу мали. Ако бидам најреален, ќе кажам дека има само 5 проценти шанси да останам во клубот.

– Сакам да почувствувам нешто ново, отворен сум за нова авантура, време е за трансфер. Во Ајакс сум веќе 16 години и сметам дека е вистински момент да го напуштам клубот и да пробам нешто ново, – порачал Мароканецот по победата над ПСВ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни