Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѕвездата која му правеше друштво на Пеп со комплетно различен став: Сакаме одмазда против Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола се обиде да ги смири страстите кај своите играчи и нагласи дека Манчестер Сити не доаѓа по одмазда во Мадрид, но иако се обидува да им го всади ова во главите на своите фудбалери, сепак дел од нив мислат само на спротско реванширање.

Бернардо Силва беше првиот кој истакна дека Сити со нетрпение чека да му се одмазди на „кралскиот клуб“ за елиминацијата од минатата година, а таков говор одржа и играчот кој му правеше друштво на Пеп на официјалната прес-конференција.

Додека Гвардиола уверуваше дека ќе биде комплетно погрешно ако се мисли само на одмазда, неговиот сонародник Родри призна дека најголемата инспирација ја црпи токму од тоа.

– Фудбалот ви дава нови шанси и можности за одмазда. Ние сме во фантастична форма, не се плашиме од никој и веруваме дека ќе пројдеме понатаму. Мотивирани сме, многу добро работиме и сме во најдобра форма досега.

– Минатата година одработивме одлични 180 минути против Реал, но некогаш тоа не е доволно во фудбалот. Доволни се лоши пет минути за да загубите се. Тогаш не се справивме на вистински начин, но извлековме поуки. Ќе пробаме да не му дадеме ништо на Реал и да зададеме удар кога ќе добиеме шанса, – изјави Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни