Англија
Ѕвезда од последниот шампионски тим на Ливерпул: Ќе го победевме овој состав на Клоп ако..
Екипата на Ливерпул долго време чека на лигашка титула и тоа од 1990 година, но таа црна дупка, серија се очекува да биде прекината оваа сезона со оглед на тоа што „црвените“ се доминатни и имаат 25 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити.
Кампањата во овој моменет е во прекин поради пандемијата со коронавирусот, меѓутоа пехарот на Ливерпул не би требало да биде доведен во прашање без разлика дали ќе се доигра докрај сезоната или ќе мора истата на зелена маса да се реши ако не се создадат услови.
Пред 30 години Џон Барнс беше еден од најзаслужните за лигашкиот пехар на клубот од „Енфилд Роуд“, беше прв стрелец на тимот со 22 голови, па токму тој направи една споредба на тој и сегашниот состав, односно кој би победил ако би се соочиле на зелениот терен.
-Кога луѓето ме прашуваат да го споредам мојот со овој тим, се зависи од тоа по какви правила ќе играме. Ако игравме со правила од 80-тите со тие судии ќе ги победивме со најмалку шест голови разлика. Ако игравме по современи правила, тие ќе нè победеа со шест разлика. Тие немаа да добиваа слободни удари секогаш кога ќе паднеа. Ако игравме денеска, ние ќе останевме со шест играчи. Ние не нпаравивме песна и танц за триумфот во 1990, ама ако знаевме дека нема повторно да бидеме шампиони, повеќе ќе уживавме, -рече Барнс.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон