Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Тотенхем му го сврте грбот на Мурињо: Не сакам да играм за тебе!

Објавено

на

Тотенхем изминатава вечер ја оствари првата победа во Премиер лигата по рестартот на сезоната, но многу поважна вест беше тоа што во листата на стрелците се запиша играчот кој е најважен во составот од Северен Лондон.

По пауза од цели шест месеци и по последниот гол на крајот на 2019-та година, Хари Кејн постигна погодок и ги постави конечните 2:0 во дербито со Вест Хем, епилог од кој најзадоволен секако ќе биде Жозе Мурињо кој на почетокот на оваа недела со сето свое фудбалско знаење застана зад својот голгетер.

Сепак, ако Жозе е опседнат со тоа да го задржи Кејн во Тотенхем и наредната сезона, тоа не важи за играчот за кој клубот изминатово лето издвои најголема сума на пари. Тангуј Ендомбеле не одигра ниту минута на мечот со Вест Хем, а не доби шанса ни против Манчестер Јунајтед, што е јасен факт дека постои одредена нетрпеливост која започна уште пред корона паузата.

Тогаш, Мурињо јавно го прозва Ендомбеле и посочи дека треба да прикаже многу повеќе со оглед на парите кои беа издвоени за него, но според француски „ТФ1“, работата сега отишла до тој степен, што веќе нема враќање назад.

Ендомбеле имал тензичен состанок со Мурињо и на истиот му соопштил дека не сака да игра за него, по што неговата ситуација добива драстично друга слика оваа недела. Французинот со ваквиот свој пристап категорично му ставил до знаење дека нема потреба да смета на него до крајот на сезоната, по што повеќе од јасно е дека ќе направи втор трансфер во втор летен преоден рок едноподруго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни