Ѕвезда на Сити се задржа во подтрибинскиот простор на „Енфилд“ за да разговара со Салах и Клоп (Видео)

siti-enfild

Фудбалерите на Манчестер Сити немаа причини да бидат задоволни по големото дерби кое вчера се одигра на „Енфилд Роуд“, од едноставна причина што Ливерпул со победата од 3:1 си обезбеди предност од дури девет бода на првенствената табела.

Поразот на тешкото гостување кај најголемиот ривал за титулата секако беше голем удар за избраниците на Пеп Гвардиола, но едно видео ни покажува дека покрај сета еуфорија на теренот, во подтрибинскиот простор имало и сосемна нормален однос меѓу ривалите. Една од најголемите ѕвезди на гостинскиот тим, Кевин Де Брујн се задржал неколку минути во подтрибинскиот простор пред да го напушти стадионот и да се качи во клупскиот автобус, за да поразговара со Мохамед Салах кој добро го познава од времето кога беа соиграчи во Челси. Интересно, во нивниот разговор се вмеша и Клоп кој дури и го прегрна Белгиецот за кого очигледно има голем респект.

Ова видео брзо стана вирално на социјалните мрежи, а посебно меѓу фановите на Ливерпул со оглед на тоа што самиот Кевин има признаено дека како мал најмногу го сакал клубот од „Енфилд Роуд“.

Facebook Коментари