Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Сити распали по своите соиграчи: Кога правите такви глупави грешки, заслужувате да платите за тоа! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

МанчестеР Сити загуби уште еден натпревар на кој се чинеше дека има се под контрола, а тоа направи да видиме уште една бурна изјава на Бернардо Силва како еден од најискусните во тимот.

Матеус Нуњес направи почетничка грешка во 86-та минута и му ја подари топката на Амад Диало, па во обид да ја поправи првата, направи и втора голема грешка и му подари пенал на противникот.

Осоколен од израмнувачкиот гол од пенал на Бруно Фернандеш, Јунајтед до крајот направи и пресврт и оствари огромна победа од 1:2, по што Бруно го впери прстот кон соиграчите и им порача дека играат како 15-годишници.

– Кога во 87-та минута на едно дерби водите со 1:0, а притоа имате и корнер во ваша корист, невозможно е топката да заврши кај вашиот голман и да има пенал…..

– Пријателу, кога правите такви глупави грешки на три или четири минути пред крајот, заслужувате да бидете казнети, заслужувате да платите за тоа. Ова не ни се случува првпат, не е еден натпревар и повторно во завршницата. Играме како 15-годишници на моменти и скапо го плаќаме тоа, – порача Силва.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни