Евролига
Ѕвезда на Реал го преслуша Фенербахче, па направи голем трансфер во НБА лигата!

Реал Мадрид оствари убедлива победа на гостувањето во Истанбул во последното коло од регуларниот дел и на тој начин во последен момент обезбеди пласман во плејофот во Евролигата, натпревар кој се покажа како последен за Габриел Дек како член на „кралскиот клуб“.
Фантастичниот Аргентинец им одржа кошаркарска лекција на противниците од Фенербахче заедно со своите соиграчи, па по победата од 67:93 пристигна бомбастична вест дека го прави трансферот на кариерата, и тоа експресно без да се чека крај на натпреварувачката сезона.
По неполни три години во шпанската престолнина, 26-годишниот Дек одлучи да го направи најголемиот чекор во својата кариера, откако добил понуда која не се одбива, и тоа од тим од НБА лигата.
Угледните „Марка“ и „АС“ информираат дека Дек ставил потпис на тригодишен договор со Оклахома и истиот стапува на сила веднаш, па за очекување е во наредните два дена да биде официјално претставен во Америка како ново засилување за Тандерси до крајот на сезоната и наредните две.
На својот последен меч во дресот на Реал, Дек блескаше со 19 поени, 2 скокови и 4 асистенции, па на најдобар можен начин го избра патот кој на почетокот на сезоната го избра и неговиот поранешен соиграч Факундо Кампацо кој потпиша за Денвер во НБА лигата.
-
Македонијапред 10 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 17 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 15 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 14 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 14 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)