Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвезда на Реал го избра Мароко пред Шпанија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Брахим Дијаз сериозно напредуваше во Милан и успеа сериозно да се надогради како фудбалер на „Сан Сиро“, а оваа сезона настапува за првиот тим на Реал Мадрид.

Карло Анчелоти се почесто му дава минутажа на офанзивниот играч за врска и тој стана важен дел од ротацијата на Италијанецот, но во период кога навистина кариерата му оди во нагорна линија, донесе и одлука која ги разочара шпанските фудбалски фанови.

Угледните „Марка“ и „АС“ традиционално имаат инсајдерски информациите кога е Реал Мадрид во прашање, а доцна вечерва пренесоа дека Брахим ставил крај на дилемата која траеше некое време.

Испровоциран од индолентноста и неажурноста на шпанските фудбалски работници, Брахим Дијаз решил да игра за репрезентацијата која му беше алтернатива, а тоа е земјата која беше најпријатно изненадување на последното Светско првенство.

По подолго размислување, Брахим решил да заигра за Мароко и ја избрал оваа селекција пред Шпанија, сето тоа како резултат на пасивноста на Шпанците, но и активацијата на Мароканците предводени од селекторот Валид Реграги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни