Поврзете се со нас

Евролига

Ѕвезда на Партизан бираше најубав европски град, фановите шокирани од одговорот (Видео)

Објавено

на

Тајрик Џоунс е еден од најдобрите играчи во редовите на Партизан, а својот квалитет го потврди и на последното евролигашко соочување со Олимпија Милано.

Американскиот центар ја игра првата сезона во белградскиот состав, па иако се адаптираше во составот на Жељко Обрадовиќ, очигледно треба да поработи на информациите поврзани со градот во кој живее.

Џоунс реализирал интервју со српски медиум и едно од прашањата било да истакне најубав европски град. Откако не можел да одлучи, водителката му го сугерираше Белград, по што следуваше интересно прашање на кошаркарот.

– Дали ова се смета за Европа?

– Да, во ред, тогаш Белград, – со насмевка на лицето одговорил Џоунс, кој очекувано сега добива и многу критики поради својот гаф, односно слаба информираност.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни