Поврзете се со нас

Евролига

Ѕвезда на Партизан: Јас сум најдобар шутер во Евролигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан комплетно ја промени екипата за оваа сезона, односно тренерот Жељко Обрадовиќ доби нов тим кој треба да испорача резултати како на домашната, регионалната така и на европската сцена.

„Црно-белите“ ангажираа квалитетни имиња, а меѓу оние кои најмногу досега се покажаа, докажаа или беа најконстатни е Стерлинг Браун. Некогашниот член на Милвоки Бакс, Далас Маверикс, Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Лејкерс пристигна во Белград од Алба Берлин и во шест од последните седум меча во Евролигата постигна барем по три тројки.

Браун има навистина импресивни шутерски бројки 59 проценти за два, 43,5 проценти за три поени и 92 проценти од пенал линијата. Самодовербата кај Американецот е на највисоко ниво и за себе смета дека е најдобар шутер во Евролигата.

-Мислам дека сум најдобар. Мислам дека никој не може да шутира подобро од мене. Имам самодоверба бидејќи многу работам. Ќе продолжам да го покажувам и да се подобрувам – не само во шутирањето. Сакам да влијаам на играта на различни начини.

-Да одам до обрачот, вклучување на моите соиграчи, одбрана… тројката е само една од работите што ги правам, -истакна Стерлинг за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни