Поврзете се со нас

НБА

Ѕвезда на Милвоки го подигна трофејот, па реши да го подели бонусот со вработените во тимот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Bucks

Милвоки ја надигра Окахома во финалето на НБА Купот и го освои трофејот во второто издание на новоформираното натпреварување во Америка, турнир кој носи големи финансиски придобивки за самата лига, но и за играчите.

Јанис Адетокумбо и Демијан Лилард беа одлучувачки фактор во финалето и со своите изданија му ја донесоа титулата на Милвоки, но овој вториот се најде во центарот на вниманието и поради изјавата која ја даде по натпреварот во Лас Вегас.

За освоениот трофеј, секој играч на Милвоки на својата сметка ќе добие половина милион долари, сума која Лилард вети дека ќе ја подели со сите вработени во тимот зад сцената.

– Долго се занимавам со овој спорт, а кога ќе добијам бонус, сигурно нема да ги земам парите и залудно да ги потрошам.

– Овие пари ќе им ги поделам на помошните луѓе во нашиот тим, луѓето кои работат со нас по цел ден, а не се во центарот на вниманието. Ќе ги поделам сите 500 илјади долари, ќе оставам само мала порција за мене, – порача Лилард.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни