Поврзете се со нас

НБА

Ѕвезда на Мајами се повреди од тренерската табла за цртање акции и ќе биде во аут до крајот на сезоната (Видео)

Објавено

на

Мајами го победи Кливленд со резултат 129:96 на натперварот кој се одигра пред два дена, но истиот се покажа како последен за Дру Смит до крајот на сезоната.

Ѕвездата на „жешките“ зарабоите една од најнепријатните и најбизарни повреди во НБА лигата, бидејќи лошото приземјување кое го имаше на крајот заврши со најтешки последици.

Во еден најнепосакуван сплет на околности, Дру реагираше преамбициозно во обидот да блокира тројка, па со долгиот скок заврши во близина на противничката клупа каде го чекаше непријатно изненадување.

Смит се приземји на тренерската табла за цртање акции и неговата нога доби неприродна ротација, а сега лекарските прегледи покажаа дека заработил тешка повреда.

Кошаркарот на Мајами го скинал предниот вкрстен лигамент на коленото, по што сега го чека операција и долга пауза од терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни