Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Ливерпул со искрена изјава: За мене Азар е подобар фудбалер од Салах (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Куртис Џонс се избори за минутажа под водство на Арне Слот и остана важен дел од ротацијата на холандскиот струњак, па иако секогаш добива позитивни коментари за залагањето кое го има на теренот, неговата последна изјава предизвика измешани реакции меѓу навивачите на Ливерпул.

Во искрениот разговор кој го водел со Рио Фердинанд, Џонс го бирал својот омилен фудбалер од сите оние кои играле во Премиер лигата, па не само што го посочи Еден Азар како свој фаворит, туку порача дека за него тој е и подобар играч од Мо Салах.

– Знам дека со ова можам да ги изневерам нашите фанови поради споредбите кои секогаш се тука, но за мене вистинскиот човек е Азар.

– За мене омилен играч бил Азар, јас го гледав секој негов натпревар и си велев „Уау, тоа е фудбалот“. Тој не се споменува во разговорите за најдобрите, а јас сметам дека треба да биде така.

– Сум зборувал за ова и со Мо и со останатите играчи. Како фудбалер, тој за мене е подобар од Мо, но кого би сакал повеќе да го имам во мојот тим? Сите велат Мо бидејќи тој е човекот кој ќе даде голови и ќе подели асистенции, – изјави Џонс, став со кој се согласи и Фердинанд.

– Ако треба да платам карта, го правам тоа за да го гледам Азар, но ако треба да изберам тим кој треба да победи, го бирам Салах пред него, – заврши Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни