Поврзете се со нас

Италија

Ѕвезда на Јуве отпадна од списокот за мечот со Македонија: Повредата пристигна во најлош период (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Мануел Локатели беше дел од сите натпревари кои ги водеше Лучијано Спалети како селектор на Италија, но сега ќе ги пропушти најважните два од овој квалификациски циклус.

„Аѕурите“ се борат за пласман на Европското првенство и бараат виза за Германија со дуели против Македонија и Украина, а дел од нив нема да биде играчот за врска на Јувентус.

Локатели заработил фрактура на реброто и отпадна од списокот на селекторот Спалети, кој на денешниот прес не сакаше да навлегува во детали за проблемите.

Лошата вест ја потврди и самиот фудбалер, кој преку социјалните мрежи истакна дека посебно го боли што нема да му помогне на тимот во одлучувачките натпревари.

– Во позитивниот период кој го оставив зад себе, сега ќе морам да ја прифатам оваа повреда. Тоа што ќе ги пропуштам клучните натпревари ги прави работите уште потешки за мене. Ќе се обидам да се вратам што е можно побрзо, – изјави Локатели, кој после оваа повреда има мали шанси да настапи на дербито со Интер кое се игра по репрезентативната пауза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни