Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед инвестираше премногу пари за нови фудбалери изминативе години и најчесто не успеваше да ги добие очекуваните перформанси од големите засилувања, а таков секако е случајот и со Антони.

Клубот од „Олд Трафорд“ исплати околу 100 милиони евра за поранешниот играч на Ајакс и ја наполни касата на клубот од Амстердам, но за возврат доби само неколку блесоци, но пред се контроверзи и неубедливи изданија.

Покрај лошите изданија на теренот, Антони изминатиот период беше дел од скандал за семејно насилство, но иако успеа да се дистанцира од овој случај, тој сега самиот вели дека во прилог не му одат коментарите на легендите на клубот.

Рој Кин, Гери Невил, Рио Фердинанд и Пол Сколс се само дел од поранешните фудбалери кои се најгласни во критиките кон Антони, кој пак потенцира дека таквиот неконструктивен пристап му го уништува животот.

– Постојано гледам и читам критики од поранешни играчи и легенди на клубот, а на тоа се надоврзуваа и медиумите. Тие го создаваат мислењето на фановите и добивам критики и кога не играм. Никогаш не видов да добијам конструктивна критика, не ми помогнале да станам подобар професионалец.

– Ниту еден од нив не ми испратил приватна порака, да ме праша како сум, особено сега кога минав низ тежок период, имав доста турбуленции. Овој дигитален свет уништува живот, никој не ја сака вистината и сите работи се вадат од контекст, – се пожали Антони во интервјуто за „Стен Јунајтед“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни