Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Јунајтед го впери прстот кон менаџерот за својата повреда: Не требаше да го послушам Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Лук Шо се мачи со непријатни повреди во текот на цела своја играчка кариера, а така беше и оваа сезона во која не играше во последните три месеци поради проблеми со задната ложа.

Левиот бек на Јунајтед се врати на терените во месец февруари и се чинеше дека ќе биде големо засилување за клучниот дел од сезоната, но наместо тоа, настапот на мечот против Лутон се покажа како голема грешка.

Играњето на ова гостување ги влоши работите и Лук Шо не настапи до крајот на сезоната, а сега е во трка со времето да стигне на посакувано ниво за Европското првенство кое стартува за пет дена.

– Почувствував нешто на натпреварот против Астон Вила на 11-ти февруари и излегов на полувреме. Кога ќе направам ретроспектива, мислам дека многу луѓе се виновни за тоа што ми се случи.

– Прво и основно, грешката е моја, потоа на медицинскиот тим, па на менаџерот кој побара да играм против Лутон. Не тренирав цела недела од мечот со Астон Вила со Лутон, потоа имав завршна проба и менаџерот побара да играм. Никогаш нема да го одбијам тренерот кога ќе побара такво нешто од мене, но не требаше да го послушам. Едноставно не требаше да играм, на тој меч ги влошив работите. Мојата сезона беше многу фрустрирачка и мислам дека можев да го избегнам завршното сценарио. Сега единствен фокус ми е да стигнам навреме и да и помогнам на Англија да го освои Европското првенство, – вели Лук Шо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни