Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Јунајтед го искажа незадоволството преку социјалните мрежи, Аморим порача: Ќе мора да разговарам со него (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед победи на натпревар на кој имаше голем императив да ги освои трите бода, а тоа го направи и во ситуација кога цело второ полувреме играше со играч помалку.

Црвениот картон на Доргу значително ги закомплицира работите за домашниот тим при водство од 2:1, па така Ипсвич успеа да израмни уште до крајот на првиот дел, период во кој Аморим повлече и еден принуден потег.

За да го одржи балансот во дефанзивен поглед, Португалецот реши да го извади од игра Алехандро Гарначо, нешто што воопшто не му се допадна на Аргентинецот кој наместо на клупата, веднаш замина во соблекувалната.

Јунајтед во продолжение постигна гол преку Мегваер и излезе дека потегот на Аморим беше добар, но Гарначо не го криеше незадоволството и на социјалните мрежи, каде го сподели разочарувачкиот момент додека го напушташе теренот.

Сето ова им даде шанса на новинарите да му постават директно прашање на Аморим за однесувањето на крилниот фудбалер, кој со вакви потези ризикува да прерасне во втор случај „Маркус Рашфорд“.

– Знам дека ова го поврзувате со Рашфорд….. Ќе ви кажам дека ќе разговарам со него на оваа тема, па можам да зборувам со вас за ова на следната прес-конференција.

– Сметав дека добро го контролиравме мечот, а после црвениот картон, морав да направам измена и изборот падна на Гарначо. Тоа беше чисто моја одлука, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни