Свет
Ѕвезда на Челси одби да игра против Македонија, Саутгејт го предупреди: Ризикува за настап на ЕП

Англија се пласираше на Европското првенство и може комотно да игра со втор тим на претстојите два завршни натпревари во квалификациите, а тоа се дуели против селекциите на Малта и Македонија.
Сепак, така не размислува Герет Саутгејт кој ги повика сите најдобри на кои може да смета, со исклучок на една ѕвезда на Челси која самостојно одбила да игра во ноемврискиот квалификациски циклус.
Рис Џејмс го одбил повикот од селекторот со објаснување дека сака да се фокусира на целосно рехабилитирање од серијата повреди, но Саутгејт го предупреди дека тоа може негативно да се одрази врз него кога ќе дојде ред за конечната листа за Европско првенство.
– Се надевав дека ќе можам да го селектирам Рис Џејмс, но тој реши да не го повикувам, ми порача дека не е доволно подготвен за репрезентацијата. Го разбирам, мина долг пат со повреди и сега е доста претпазлив.
– Не ме сфаќајте погрешно, имавме добар разговор и сака да се рехабилитира целосно со настапи за клубот. Го сфаќам неговиот избор, но и тој го сфати ризикот кој го презема. После овој квалификациски циклус има само уште едно селектирање пред Европското првенство, па знае дека презема ризик бидејќи во моментов има неколку играчи пред него на бековската позиција, – изјави Саутгејт.
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 12 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 14 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 23 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година