Поврзете се со нас

НБА

Ѕвезда на Бостон го потпиша најголемиот договор во НБА историјата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/celtics

Тоа што се најавуваше веднаш по крајот на голеемото финале во НБА лигата, ова утро почна да добива официјални потврди, и тоа од новинарите кои никогаш не грешат и кои имаат инсајдерски информации од американските франшизи.

Џејсон Тејтум не се закити со МВП трофејот во големото финале со Далас и тоа признание му припадна на Џејлен Браун, но како награда за верноста и придонесот кој го имаше во сите изминати сезони, 26-годишниот доби супермакс договор кој е најголем во историјата на НБА лигата.

Како што информира Адријан Војнаровски, Тејтум се согласил да остане лидер на Селтикси и во иднина со потпис на петгодишен договор, според кјо ќе заработи неверојатни 314 милиони долари.

Овој договор е најголем во историјата на НБА лигата, а интересно е тоа што Бостон во своите редови ќе ги имаат двајцата најплатени играчи во американската елита.

Џејлен Браун својата награда ја доби пред една година, кога за новата соработка доби договор тежок 305 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни