Поврзете се со нас

Свет

Ѕвезда на Борусија не може да го преболи поразот од Реал: Ние сме професионалци, но исто така и луѓе

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Играчите на Борусија Дортмунд ги пропуштија своите шанси во големото финале на „Вембли“ и пропуштија да му дадат два или три гола на Реал Мадрид во првото полувреме, за што во продолжение беа брутално казнети од господарот во најелитното европско натпреварување.

Реал уште еднаш покажа дека е непогрешлив во финалињата и победи со два гола во вториот дел, а додека „кралевите“ ја славеа 15-та титула, „милионерите“ беа осудени да се помират со утешниот сребрен медал.

Добар дел од играчите на Борусија доста тешко го прифатија поразот, но Марсел Сабицер призна дека уште ен го преболил истиот и дека неуспехот му направил проблем и во неговиоте почетни подготовки за Европското првенство.

– Ние сме професионални спортисти, но исто така сме и луѓе. Едноставно не можете да ги сокриете и да ги потиснете своите чувства. Сите што ме видоа по финалето, знаат што ми направи конечниот исход. Навистина тешко го прифатив поразот и размислував за мечот неколку вечери потоа, ми се јавуваа спомени од финалето.

– Поради мојата состојба, решивме да не играм на подготвителниот меч против Швајцарија. Полека се рехабилитирам и се наоѓам во процес да ја прифатам реалноста. Има уште време до Европското првенство, немој да се сомневате дека ќе го дадам најдоброто од мене, – порачува Сабицер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни