Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвезда на Барселона почна да тренира со екипата по пет месеци (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/DeJongFrenkie21

Барселона денеска доби лоши вести за летното засилување Дани Олмо кој ќе биде во „аут“ најмалку еден месец по повредата која ја заработи на каталонското дерби со Џирона.

Ова дефинитивно е проблем, хендикеп за каталонците кои немаа преголем ростер на располагање, а распоредот е незгоден, напорен и носи натпревари на секои три до четири дена. Каталонците имаат и други играчи кои се недостапни поради повреди со тоа што за дел од нив може да се очекува да се вратат во наредниов период.

Прво во комбинација би требало да биде Ансу Фати, потоа Фермин Лопез, додека останува да се види кога Гави ќе добие зелено светло за настап иако веќе почна да одработува тренинзи со екипа. На денешниот тренинг или дел од него присуствуваше и Френки Де Јонг и тоа по пауза по пет месеци, односно тој е во „аут“ од месец април кога се повреди на дербито со Реал Мадрид.

Имаше проблем со зглобот, клубот го советуваше да замине на операција, но се реши за конзервативен третман и останува да се види што ќе биде со него.

Холанѓанецот е важен за Барса и ако во блиска иднина се врати на терените дефинитивно ќе биде значајно засилување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни