Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвезда на Барса положи возачки испит на 31 година и првпат пристигна сам во тренинг центарот (Видео)

Објавено

на

Големите фудбалски ѕвезди редовно знаат да го привлечат вниманието со луксузните автомобили со кои пристигнуваат на тренинзите, но она што беше впечатливо кај една ѕвезда на Барса со години наназад е тоа што постојано беше на второто седиште.

Жорди Алба редовно беше возен во своите автомобили од страна на својот брат и татко, па затоа денеска на големо се рашири веста откако за првпат пристигна во тренинг центарот на БАрселона без никаква придружба.

Жерард Пике пред извесно време го истрола својот соиграч за фактот што не знае да вози автомобил и покрај тоа што веќе е во четвртата деценија во животот, но сега на тие подбивања им дојде крајот.

Алба положи возачки испит на 31 година и денеска за првпат пристигна самостојно во својот автомобил во тренинг комплексот на каталонскиот гигант.

Ексклузивното видео го долови новинарот Давид Ибањез, а истото експресно стана вирален хит во Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни