Германија
Ѕвезда на Баерн одбива нов договор, планира да го следи патот на Левандовски

Баерн Минхен може да остане без еден од своите најважни играчи уште следното лето, а најава за такво нешто е одбивањето на Џошуа Кимих да потпише нов договор со германскиот клуб.
Германскиот репрезентативец има големо значење за тренерот Томас Тухел, но според медиумите тој одбива да го потврди останувањето и се шпекулира дека сака да замине во редовите на Барселона.
Договорот на Кимих истекува во јуни 2025 година, па наредниов период е клучен за неговата иднина, со оглед на тоа што Баерн ќе мора да преговара за негов трансфер претстојново лето, за следното да не мора да го загуби без отштета.
Кимих наводно е разочаран од многу работи во редовите на германскиот великан и не ја гледа својата иднина во редовите на Баерн, па Барса индиректно веќе добила сигнали дека треба да се подготвува за преговори кои би донеле еден од милениците на Чави во Шпанија.
Челниците на Баерн изминатиов период потенцираа дека посакуваат Кимих да остане во Минхен до крајот на кариерата, но и во нивните изјави се чувствува несигурност во однос на расположението на другата страна за такво нешто.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг