Поврзете се со нас

Германија

Ѕвезда на Баерн имала успешна операција на срцето

Објавено

на

Баерн Минхен се подготвува за дуелот против Бохум во Бундеслигата, а пред истиот германскиот шампион обелодени дека крилниот напаѓач Кингсли Коман имал успешна операција на срцето.

Човекот кој на Баерн му ја донесе последната титула во Лигата на шампионите имал мало пореметување на срцевиот ритам што влијаело врз неговото дишење, па поради тоа е одлучено да замине под нож и со тоа да се надмине проблемот.

Според тренерот Јулијан Нагелсман се ќе биде во ред и офанзивецот за кратко време ќе може да им се врати на обврските и му помогне на клубот.

-Звучи многу подраматично отколку што е. Се справува многу добро, има минимална болка во раната. Тоа го имаат некои луѓе, но има разлика дали мојот најголем напор е да одам до фрижидер и да пијам ладно светло пиво – или дали сум конкурентен спортист, -рече Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни