Германија
Ѕвезда на Баер Леверкузен ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо

Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да ја искористат својата финансиска моќ за засилувања и во јануарскиот преоден рок, а се чини дека еден од поинтересните трансфери ќе биде поврзан со фудбалер од Бундеслигата.
Неколку добро упатени германски новинари тврдат дека Виктор Бонифејс е во завршни преговори за трансфер во Ал Наср и наскоро ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо.
Клубот од Ријад е во потрага по нов напаѓач, а изборот паднал токму на Нигериецот, кој е еден од најважните играчи на Баер Леверкузен и еден од најзаслужните што „фармацевтите“ ја освоија последната титула во Германија.
24-годишниот Бонифејс денеска не тренирал со соиграчите, со што медиумите сметаат дека добиле уште една потврда за најавениот трансфер, а Баер би требало да заработи околу 50 милиони евра за неговата продажба.
Ал Наср мора да ги исполни барањата на бундеслигашот, затоа што Бонифејс пред краток период го продолжи договорот со актуелниот клуб до 2029 година. Нигериецот ќе се пресели во азиската земја како замена за Андерсон Талиска, кој деновиве е промовиран како засилување за Фенербахче.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот