Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѕвезда на Аталанта го промени спортот по снежното невреме во Бергамо (Фото)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Аталанта и Вилјареал беше првично одложен за 20 минути, но откако официјалните лица на УЕФА и дефинитивно сфатија дека нема никакви услови за игра во Бергамо, средбата е преместена за четврток.

Во меѓусебната пресметка, Аталанта и Вилјареал ќе решаваат кој ќе патува во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, а условите сигурно нема да бидат лесни и 20-тина часа подоцна со оглед на снежното невреме во Италија.

Натрупаниот снег направи големи проблеми на организаторите и не помогна ниту заложбата на луѓето од двата клуба, но снежната покривка на стадионот послужи и како инспирација за комична објава од најзабавниот лик во Аталанта.

Холанѓанецот Де Рун традиционално е активен на социјалните мрежи, па одложениот натпревар го проследи со урнебесна објава за промена на спортот.

– Јас, Запата и Копмајнерс на пат кон почеток на мечот…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни