Поврзете се со нас

Свет

Ѕвезда на Арсенал размислува за враќање во Италија: Ќе биде атрактивен на трансфер пазарот

Објавено

на

Унаи Емери имаше стриктен план на игра и неколку избрани играчи кои постојано беа во неговата стартна постава, а еден од нив не беше Лукас Тореира кој постојано беше во втор план и добиваше шанса само од клупата.

Тоа се промени по пристигнувањето на Микел Артета и Уругваецот значително ја поправи својата минутажа, но како што вели неговиот агент, тоа не значи дека ќе остане во Северен Лондон по крајот на летниот преоден рок.

Пабло Бентакур потенцира дека Тореира има огромна желба да се врати во Италија, земјата од која направи трансфер од Сампдорија во Арсенал пред две години.

– Лукас имаше различни ставови со претходниот тренер и беше разочаран. Сепак успеа да се врати и сега комплетно се опоравува од повредата која ја заработи пред паузата. Не е страшно како што се мислеше.

– Тој сака да се врати во Италија, но сепак ќе мора да разговарам и со Арсенал. Во едно сум сигурен, тој ќе биде атрактивен на трансфер пазарот, – изјави агентот на фудбалерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни