Ѕвезда до ѕвезда: Американците го објавија поширокиот список за ЛОИ во Токио

SAD-Francija

Селекцијата на Соединетите Американски Држави не се прослави на Светското првенство во Кина кое го заврши на дури седманата позиција, но сосема поинаква ќе биде приказната на Летните Олимписки Игри во Токио и за тоа говори поширокиот список од 44 играчи на кој се буквално сите најдобри играчи на НБА лигата.

Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Каваи Ленард, Пол Џорџ, Стеф Кари, Кајл Лаури, Џејмс Батлер, Клеј Томпсон, Демијен Лилард, Херисон Барнс, Кемба Вокер… се само дел од групата која заедно има 31 златен медал, дали на ОИ или Светски првенства.

Од сите овие ѕвезди ќе бидат одбрани 12 имиња на почетокот на месец јуни по што тие ќе бидат дел од тренинг кампот кој започнува во јули.

Facebook Коментари