Шпанија
„Ѕверот“ од Премиер лигата пристигна на потпис во Барселона (Видео)

Адама Траоре беше пред трансфер во Тотенхем во летниот преоден рок, но откако зделката не се материјализираше во последен час, крилниот фудбалер сега направи трансфер во јануари.
Брзоногиот крилен напаѓач и дефинитивно прави кам-бек во клубот во кој се разви како фудбалер, бидејќи веќе е јасно дека Адама е во Барселона и во овие моменти ги минува медицинските прегледи.
Фудбалерот на Вулверхемптон имаше доста лоша прва полусезона кај „волците“, но Чави Ернандес верува дека ќе го извади најдобриот потенцијал од него, бидејќи го познава и од младинските денови во Ла Масија.
Првично, Траоре ќе настапува во Барселона како позајмен играч до крајот на сезоната, но ќе задржи право да го откупи неговиот договор и трансферот да стане перманентен за 30 милиони евра.
Адама кој е и повремен шпански репрезентативец имаше неверојатна трансформација во Премиер лигата и се претвори во еден од најмоќните играчи во светот, поради што од британските таблоиди го доби и прекарот „ѕвер“.
🚨🚨🚨 Adama Traoré llega al Hospital de Barcelona para pasar la revisión médica con el Barça
⏰ Tic, tac, tic, tac…
📹 @Alejandro_sj pic.twitter.com/C6RUEbFyND
— MARCA (@marca) January 28, 2022
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Шпанијапред 22 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)