Поврзете се со нас

Англија

„Ѕверот“ Акинфенва ја одбележа титулата на Ливерпул и доби казна од својот клуб (Видео)

Објавено

на

Адебајо Акинфенва стана инстант хит меѓу фудбалските фанови во Европа, откако постигна гол против Ливерпул во дресот на четвртолигашот Вимблдон, но и поради физичкиот изглед со кој го заработи прекарот „ѕвер“.

Акинфенва даваше и интересни изјави со кои ги провоцираше познатите фудбалски ѕвезди, но неговата кариера не напредуваше премногу, па напаѓачот во моментов е член на Вајкомб.

Она што Акинфенва никогаш не го криел е дека голем фан на Ливерпул, па разбирливо е дека сега го одбележува успехот на екипата предводена од Јирген Клоп.

„Ѕверот“ меѓу другото решил да се појави на тренинг на својата екипа во дрес на Ливерпул, за што очекувано бил и казнет од менаџерот на Вајкомб.

Самиот Акинфенва објавил видео на Инстаграм на кое се гледа како го носи дресот меѓу неговите соиграчи, а потенцира дека со задоволство ќе ја плати првата казна во неговиот актуелен клуб.

– Добивам многу навреди денеска, навистина многу, но ок е, ќе ги прифатам, – коментирал Акинфенва.

 

View this post on Instagram

 

Only time I’ve been happy to pay a club fine!! 😂😂😂😂😂 @liverpoolfc Champions ❤️❤️❤️ #YNWA #BeastMode

A post shared by Adebayo Akinfenwa (@realakinfenwa) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни