Поврзете се со нас

Свет

Ѕола го издвои играчот кој треба да ја освои „Златната топка“: Тој носи рамнотежа и ритам во секоја екипа

Објавено

на

Легендарниот италијански ас, Џанфранко Ѕола го издвои играчот кој според него треба да ја освои „Златната топка“ за оваа година.

Ѕола многу добро знае што значи да се игра на највисоко ниво, па така според прикажаното за него број еден фаворит е човекот кој годинава освои две важни титули во Лигата на шампионите и Европското првенство-тоа е Жоржињо.

-Жоржињо ја заслужува Златната топка. Тој носи рамнотежа и ритам во своите тимови. Имав доволно среќа да го имам во Челси – му бев асистент на Сари – и знам што носи тој.

-Тој го заслужува тоа не само затоа што настапи на високо ниво индивидуално, туку затоа што екипите за кои играше беа извонредни. Тоа треба да се земе предвид, -порача човекот кој во својата кариера настапуваше во Англија и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни