Поврзете се со нас

Италија

Џунтоли го „пецна“ Интер: Секогаш влегуваат како фаворити, но…

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Кристијано Џунтоли ја заврши својата успешна епизода во Наполи и си замиан во пакет со Лучијано Спалети, решавајќи да искуси нов предизвик во својата директорска кариера.

Искусниот оперативец премина во Јувентус и сега се задолжен за спортскиот проект на клубот од Торино, а како човек кој за свој најголем ривал сега го има Бепе Марота, не штедеше комплименти за својот познат колега.

– Марота е пример за сите и вистински учител за сите нас. Но, работите во фудбалот не одат секогаш онака како што замислувате, – вели Џунтоли, кој не пропушти шанса да го „пецне“ Интер.

– Тие влегуваа како апсолутни фаворити за титулата во Италија и изминатите две сезони, се надеваме дека и овојпат ќе ја префрлат одговорноста на друг.

– Ние сме свесни за нашите сили и нашиот потенцијал, нашата цел е топ четири оваа сезона, но сепак не можеме да ги спречиме играчите да сонуваат за Скудетото, – изјави директорот на Јуве.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни